еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граничниот премин „Богородица“ отворен за сообраќај

Вечерва нешто по 20:00 часот отворен за сообраќај е граничниот премин „Богородица“, што беше затворен откако попладнево во негова близина избувна пожар, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Како што претходно јави МИА, пожарот што избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеаа да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон ГП „Богородица“.

Поради активноста и дејството на пожарникарите од електрична енергија беше исклучен објектот на ГП „Богородица“ и преминот времено беше затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за дејство на пожарникарите, откако пожарот се доближи до објектот на граничната караула на АРМ, до казиното „Фламинго“ и до бензинската пумпа „Шимов“, што беше и најопасниот и најкритичниот момент од денешниот пожар во пограничниот појас на Гевгелиско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради пожарот затворена „Богородица“, возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран“

Пожарот кај ГП „Богородица“ ставен под контрола

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американскиот државен секретар О’Брајaн вели дека не знае за нон-пејпер за партиите на Албанците за обрзување за уставните измени

Редакција

Дебатата за разрешувањето на министрите од Алтернатива во Собрание продолжува утре

Редакција

Идентитетот на Македонците датира од 1944 година, тие ја фалсификуваат историјата, вели Топалов, член на мешовитата Комисија со Бугарија

Редакција