еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Уапсен Бугарин кој лажеше возрасни лица низ Македонија дека нивни блиски направиле сообраќајка

Полициски службеници денеска во 9:00 часот на Граничниот премин Деве Баир го лишија од слобода Н.П.С. (34) од Плевен, Република Бугарија.

По претходно преземени оперативно тактички мерки од страна на СВР Скопје и добиени оперативни податоци од бугарските полициски служби, утврдено е дека Н.П.С. е сторител на повеќе кривични дела „измама“ по чл.247 од КЗ.

Како што информира МВР, во периодот од 18.09 до 01.10. на подрачјето на СВР Скопје биле пријавени осум измами, при што од оштетените – повозрасни лица, тој успеал да одземе околу 40.000 евра и злато во вредност од околу 10.000 евра.

-Измамникот успевал оштетените да ги доведе во заблуда телефонски јавувајќи им се и кажувајќи им дека член на нивното потесно семејство наводно предизвикал сообраќајна несреќа, при што има загинато дете, и доколку сака да го спаси од одење во затвор, барал од оштетените поголема сума на пари, соопшти МВР.

При извршениот претрес кај Н.П.С. се пронајдени 10.400 евра, картици за телефон, телефон и други предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случаите, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Од МВР апелираат граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на вакви измами, а доколку добијат вакви повици, случајот веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 192.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската Народна Партија не разговарала за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Детали од Обвинителството за спогодбата на Камчев за „Империја„

Редакција

Народна банка ја разгледува можноста за воведување на дигитален денар

Редакција