еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) ВИП соблекувална за светските ѕвезди во СЦ „Борис Трајковски“: Први гости беа „2 Chellos“

Во СЦ „Борис Трајковски“ изминатиот период беа реновирани сите соблекувални, но најинтересен новитет е што за првпат салата добива и Вип соблекувална, односно просторија каде што светските и регионални музички ѕвезди ќе можат да се опуштат пред  и по концертите.

„Први музичари кои беа гости во Вип соблекувалната се 2 Chellos,  а во наредниот период таму ќе се опуштаат Здраво Чолиќ, Ерос Рамацоти, Лени Кравиц, Лепа Брена и многу други музички ѕвезди кои ќе настапат во Вип Арена „Борис Трајковски“.

Вип соблекувалната е градена по светски стандарди и се состои од една поголема просторија , каде што има фрижидер, телевизор и простор за седење, тоалет и неколку туш кабини. На Балканот, единствена Вип соба од ваков тип има само во белградска Арена“, информираат од СЦ „Борис Трајковски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Макпетрол“ ги додели наградите од шестото редовно и третото мастер коло од наградна игра „Со ВЕРНА полни и секогаш добиј“

Редакција

Промоција на нови дизајнери во Лаб дизајн маркет

Редакција

Хоакин Феникс, актерот кој зеде Оскар за улогата во „Џокер“ бил голем фан на Атиџе

Редакција