еМагазин
Image default
Бизнис

Фруктал Мак со зголемена добивка во првите девет месеци

Фруктал Мак АД Скопје за период од јануари-септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, соопштија од фабриката преку Македонската берза.

-Оперативните вкупни приходи изнесуваат 423.424 илјади денари. Во споредба со остварените вкупни приходи од минатата година за истиот период од 356.941 илјади денари, се бележи зголемување.

Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 424.524 илјади денари и бележат зголемување.

Финансиските приходи изнесуваат 1.100 илјади денари и се зголемени во однос на минатата година.

Оперативните расходи за период од 01.01-30.09.2022 година изнесуваат 368.022 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата година, кога биле 320.253 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 1.230 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.

Остварената нето добивка за периодот 01.01-30.09.2022 година изнесува 59.726 илјади денари, наспроти остварената добивка од 21.704 илјади денари за истиот период претходната година, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фруктал Мак во првите шест месеци со зголемена добивка

Фруктал Мак лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ја послуша Комисијата за заразни болести: Се отвараат казината и автомат-клубовите

Редакција

Народна банка: Раст и на депозитите и на кредитирањето

Редакција

Загубите во туризмот поради корона вирусот до 80 отсто, секторот бара помош од државата

Редакција