Фруктал Мак АД Скопје за периодот од јануари-септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран Биланс на успех, информираат од фабриката преку Македонската берза.
“Оперативните вкупни приходи изнесуваат 356.941 илјади денари. Во споредба со остварените вкупни приходи од минатата година за истиот период се бележи зголемување.
Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 351.728 илјади денари и бележат зголемувње.
Финансиските приходи изнесуваат 469 илјади денари и се со раст во однос на минатата година.
Оперативните расходи за периодот од 01.01-30.09 2021 година изнесуваат 320.253 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период минатата година.
Финансиските расходи изнесуваат 1.578 илјади денари и се намалени во однос на минатата година.
Остварената нето добивка за периодот 01.01-30.09 2021 година изнесува 21.704 илјади наспроти остварената нето добивка од 11.400 илјади денари истиот период претходната година“, велат од фабриката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фруктал МАК“ лани оствари добивка од 18,5 милиони денари
„Фруктал Мак“ оствари добивка од 11,4 милиони денари за девет месеци