еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) „Dreamy Passage“: Нова капсулна колекција на Росица Мршиќ

Новата капсулна колекција „Dreamy Passage“ на Росица Мршиќ претставува пријатно сонливо патување низ нова, мека и пастелна естетика на дизајнерката. Колекцијата ја спојува женственоста карактеристична за дизајнерката со поопуштен изглед, но внимателно конструиран, воведен за да ја претстави потребата од радост и сонување.

Естетиката на колекцијата ја одразува идејата за патување низ времето и таа ги враќа романтичните, пријатни чувства, видени низ винтиџ објективот на медитеранската ривиера и ја спојува со нови современи изрази изградени преку разиграни, но сепак глатки, фини и софистицирани силуети.

Меката и нежна пастелна палета сугерира блажени летни денови и ги дефинира сите изгледи, во спој на форми и цветни дезени, а сите принтови се направени за потреба на колекцијата за да ја претстават сонливата летна атмосфера.

Со големо внимание на деталите, сите парчиња од колекцијата се разновидни, ги надминуваат сезоните и се наменети да се носат во текот на денот и за вечерни пригоди.

Со својата склоност за уметност и нејзиниот архитектонски пристап при обликување на силуетите, Росица Мршиќ има прецизно око за создавање новитети во кроевите и е постојан оптимист. Сето тоа сугерира дека нејзиниот клиент е жена со доверба, смела и со истенчен моден вкус.

Ова е 25-та колекција по ред на брендот Росица Мршиќ кој е основан во 2009 година. Брендот изработува безвременски, квалитетни, современи и космополитски модни колекции, кои во основа се базираат на принципите на бавна мода со локално еколошко производство, создава модни парчиња направени само по барање и применува фер трговија.

Произведувајќи мали „limited-edition“ колекции двапати годишно, секоја колекција е локално произведена и скоро целосно рачно создадена, од вешти изведувачи во дизајн студиото во Скопје. Имплицирајќи стратегија за непотребно трошење и загадување на животната средина, со изработка на облека направена по мерка, секоја облека се создава само откако ќе се нарача.

Колекцијата е веќе промовирана во showroom/от на Иван Асен 22 во Софија, концептуална дизајнерска платформа, а достапна е во студиото на дизајнерката и во бутикот Виа во Скопје.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мелем за душата: Маријана и Росана запеаjа заедно по 20 години

Редакција

Ќе ја нападне ли и Молдавија: Кои се главните четири воени цели на Русија

Редакција

Патарините во Србија од денеска поскапуваат за 10%

Редакција