еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Снимка од дрон покажува што и направи пожарот на Евија

Жителите на повеќе села на грчкиот остров Евија, каде што пожарите се уште не се ставени под контрола, ноќта ја поминаа заедно со пожарникарите, во обид да го ограничат ширењето на пожарот, а во други села пак, во обиди да постават барикади за да спречат огнената стихија да стигне до нивните куќи и имоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од грчкиот остров Евија безбедно заминале 38 македонски државјани

(ВИДЕО) Морничави сцени од грчкиот остров Евија, жителите се „преселија“ на плажа и на ферибот

-Младите динамично се организираат. Интервенираат каде што има мали жаришта и ги ослободуваат противпожарните сили за гасењето на главните жаришта, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Истиеа – Едипсос, Јанис Конѕијас.

Претпладнево, жителите на областа Асимини, од бројот за итни случаи 112 добија порака да се евакуираат.

Според противпожарната служба на Грција, во северниот дел на Евија во пожарите интервенираат 873 пожарникари со 50 пешадиски тима и 229 возила, вклучително и силите што беа испратени од други земји.

Поконкретно, на островот се 40 пожарникари со две возила од Кипар, 39 пожарникари, 14 возила и брза помош од Србија, 100 пожарникари од Украина, 75 пожарникари со 30 возила од Словачка и 143 пожарникари со 46 возила до Полска.

За интервенција од воздух, на располагање се 14 хеликоптери, од кои три се од Србија, два од Швајцарија и два од военото воздухопловство на Египет. Пожарот во северниот дел на островот Евија избувна на 3 август.

МИА/Фото/видео: Meteo/Up Stories

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 156 случаи на Ковид-19 од 1.309 тестирања

Редакција

Нови 444 случаи на Ковид-19 од 2.518 тестирања

Редакција

Каков имот пријавил Башким Бесими кој е избран за нов член на Советот на јавните обвинители

Редакција