еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од грчкиот остров Евија безбедно заминале 38 македонски државјани

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека грчкиот остров Евија каде беснеат пожари, во неделата безбедно го напуштиле 38-мина од 39-те туристи наши државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот.

– Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евија.

Според информациите, во недела, на 8-ми август, на островот се наоѓаат 39 туристи од Северна Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот и се вратија во Северна Македонија.

Додека едниот наш државјанин, кој останал на островот Евија е сместен во јужниот дел на островот Евија (во моментот безбедно место). Инаку, Амбасадата стапи во контакт со лицето и во моментот нема опасност од пожари во делот каде е сместен, наведуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Македонци помеѓу евакуираните на Евија: Претпазливост при патување во Грција заради пожарите, порачуваат од МНР

(ВИДЕО) Морничави сцени од грчкиот остров Евија, жителите се „преселија“ на плажа и на ферибот

(ВИДЕО) Шокантни снимки од пожарите во Грција

Фото: ТВ Опен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако нема договор со Бугарија, ќе мора да размислуваме за раздвојување на Македонија и Албанија, порача еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

Дванаесет лекари, медицински сестри и техничари од болницата во Струмица позитивни на Ковид-19

Редакција

„Насир Туризам“ го доби тендерот за општина Гостивар за превоз на ученици вреден 44 милиони денари

Редакција