еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Македонци помеѓу евакуираните на Евија: Претпазливост при патување во Грција заради пожарите, порачуваат од МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска упати апел за претпазливост при патување или престој во Грција поради ситуацијата со пожарите и информира дека досега ниту еден наш државјанин не побарал помош.

Како што посочуваат од МНР, на грчкиот остров Евија се наоѓа еден државјанин на Република Северна Македонија и тој е далеку од ризичната зона, а другите државјани биле евакуирани од ризичните во безбедни локации, во неделата, на 8 август.

Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Северна Македонија во Грција преку социјалните мрежи, се наведува во информацијата од МНР, благовремено упатија апел до државјаните на Северна Македонија за претпазливост при патување или престој во Грција заради ситуацијата со пожарите, а при евентуална потреба да ги контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Атина (+ 30 694 52 82 251, +30 695 51 91 321, +30 694 47 43 071,+30 210 67 49 585) и Генералниот конзулат во Солун (+30 698 72 00 410).

-Hашите претставништва во Грција се во континуирана комуникација со надлежните грчки институции и за сите добиени информации навремено ќе виде запознаена јавноста, наведуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Морничави сцени од грчкиот остров Евија, жителите се „преселија“ на плажа и на ферибот

(ВИДЕО) Шокантни снимки од пожарите во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Силен ветар носеше човек во Дубровник, жена во Сплит едвај се спаси да не падне од мост

Редакција

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време

Редакција

(ВИДЕО) Езерото Калиманци пред еколошка катастрофа

Редакција