еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Само за пожарот во Будинарци, кој се уште не е изгаснат, ангажирани повеќе од 500 лица

Само за гаснење на пожарот во Будинарци се ангажирани повеќе од 500 лица, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

– На лице место кај овој пожар имаме 130 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 лица од Словенија со четири противпожарни возила и 25 лица од Бугарија со пет возила. Покрај ова имаме повеќе од стотина локални пожарникари. Имаме повеќе од 130 припадници на полицијата. Припадници на армијата, припадници на „Национални шуми“, коишто исто така имаат противпожарна служба, нагласи Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Повеќето пожари локализирани и под контрола, се уште активен кај Будинарци

Тој потенцираше дека припадниците на „Национални шуми“ се обучени за гаснење пожари и имаат слецијални возила за таа намена, како и припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, кои на лице место со специјални возила учествуваат во гаснењето на пожарот во Будинарци.

– Таму е сконцентрирана голема сила и сите тие заедно учествуваат во гаснењето на пожарот. Рано утрово хеликоптер на МВР, со пожарникари од Австрија и наши пожарникари направи извидување на теренот за да ги одредат приоритетните точки кои треба да се гасат, бидејќи гори и чади на неколку места.

На лице место најверојатно дејствува армискиот хеликоптер, којшто веќе чекаше до Будинарци да заврши извидувањето за да добие квалитетни информации. Она што го добивме како помош од странство, максимално го користиме, рационално и организирано. Во секој еден момент точно знаеме колку луѓе од кои единици и од кои служби на која позиција се наоѓаат и која е нивната улога, наведе директорот на ЦУК.

Ангелов информираше дека вчера поладне над Будинарци направиле контролиран контрапожар со кој го ограничиле реонот во кој пожарот може да се шири.

Осврнувајќи се на нападите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ангелов истакна дека не знае од каде е потребата за навреди, омаловажувања и неосновани критики.

– Наместо да се навредуваме, пратете ваш човек, како што вчера побарав, нека дојде во нашиот Штаб, одблиску нека ја набљудува работата на Главниот штаб, можеби ќе даде некој добар предлог, ние немаме отпор, секој добар предлог даден од кој било граѓанин на оваа држава ние ќе го прифатиме.

Ние немаме време за филозофирање, бидејќи секој ден гаснеме пожари. Вчера имаше 14 активни пожари, во овој момент има само четири. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири денеска ќе биде целосно изгаснат, а тоа е пожарот во општина Берово над селото Будинарци,  посочи Ангелов.

Илија Бојаровски од ЦУК нагласи дека силите на терен од Северна Македонија, Австрија, Словенија и од Бугарија дејствуваат со проверени методи.

– Мора да се заблагодариме на месното население, бидејќи тоа се вклучува навистина самоиницијативно, но и да апелираме дека нивното вклучување секогаш треба да биде во конекција со екипите што се на терен, бидејќи тие се професионалци и имаат свои линковски врски и веднаш знаат од кој правец има опасност, но исто така веднаш знаат која тактика и кој метод за противпожарно дејствување се применува во тој момент, наведе Бојаровски.

МИА/фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Маврово заловен најголемиот балкански рис, гласајте како да се вика

Редакција

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Насилство во општина Центар“ на СЈО

Редакција

Маричиќ за правда, Царовска за образование, Николовски и Димитров вицепремиери: СДСМ ги соопшти кадровските решенија

Редакција