еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Седуммина граѓани на Авганистан кои престојуваа во Македонија заминаа за Португалија

Седуммина граѓани на Авганистан, четворица возрасни и три деца, изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште, соопштија од Владата.

„Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан, кое е под закана на новата талибанска власт во земјата.

Македонија во моментов дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан. Тие овде ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за престојот се покриени од меѓународните организации,“ се вели во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега од вакцината на „АстраЗенека“ се дадени над 15 милиони дози, голем дел од европските држави продолжуваат со вакцинација

Редакција

(Фото) Падна таванот во две простории во градинка во Тафталиџе

Редакција

(Галерија) Дали знаете каде може да престојувате во Битуше, селото со вонвременска убавина

Редакција