еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Галерија) Светска премиера на новиот филм за Џејмс Бонд: Војвотката од Кембриџ, Миделтон блесна на црвениот килим

Синоќа во Лондон се одржа премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд, „No Time to Die“ („Не е време за умирање“) традиционално во „Ројал Алберт хол“.

Премиерата на филмот година ипол се одложуваше поради ковид-пандемијата

Актерот Даниел Крег најави дека со овој филм ќе се прости од улогата на најславниот таен агент на светот, а новата авантура за Бонд е снимена со најголем буџет до сега.

Главната музичка нумера ја изведува младата американска пејачка Били Ајлиш, која на филмот му донесе светска слава, иако филмот не беше премиерно прикажан.

На премиерата во Лондон, се појави и кралското семејство, а војвотката од Кембриџ, Кејт Миделтон блесна на црвениот килим, во златен фустан. Таа го привлече најголемото внимание од присутните, па многумина коментираа дека би можела да биде новата Бонд-девојка.

Фото: Официјална Фејсбук-страница/James Bond 007

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпресим Ферати на директорското место на министерот за здравство Демири во Клиничката болница во Тетово

Редакција

(Галерија) Прослава со ракометарите на Плоштад: „Уааа“ за Град Скопје од граѓаните и „никогаш Северна само Македонија“ од навивачите

Редакција

Нови 225 заразени со Ковид-19 од 1.694 тестирања, во Скопје најмногу 96

Редакција