еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Во Мала станица ќе биде изложен мултимедијалниот проект „Имагинарни знамиња“

Во среда на 11 ноември 2019 година во 20.00 часот во мултимедијалниот центар Мала станица при Националната галерија на РС Македонија ќе биде изложен мултимедијалниот проект „Имагинарни знамиња“ од Маја Стефановска и Ален Реџепагиќ.

Милтимедијалниот проект „Имагинарни знамиња“ претходно беше изведен во рамките на 35. интернационален фестивал „Сараевска зима“ во периодот од 19 до 26 февруари 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

„Целта на проектот е да ја покаже неуништливоста на суштинските човечки вредности. Преку употребата на знамето како визуелен елемент се укажува на различниот идентитет на поединецот: личен, колективен и национален (националниот е најкомплекесен), кој најчесто е извор на бројни конфликти во општеството.

Но со неговото симболично уништување се има за цел да се покаже дека она што останува зад таа различност, која не мора да биде интрепретирана во негативен контекст, е основната човекова вредност, да се биде човек, пред и над се`“, вели во текстот во каталогот од авторката Весна Дамчевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сѐ е подготвено за 99 МЕГАСТАРС – ден за музика, ден за награди, ден за незаборавни моменти

Редакција

(Галерија) Скопско им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки со нивниот потпис и број на дресот

Редакција

(Видео) Познатиот детски лик Петко во прв детски мјузикл „Песноден“ од авторската екипа на 5+ фамилија

Редакција