еМагазин
Image default
Забава

„Girls night“: Утре музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба

Четири млади актерки засукаа ракави и мошне решително истапија на  музичката сцената.

Актерките Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток 13. април во Public Room организираат невиден диско перформанс, кој е една фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде публиката не престанува да игра, се смее и забавува.

Младите актерки имаат направено досега невиден спој на театарска глума и музичко сценски настап преместувајќи го вешто тежиштето на забавата од театарски перформанс кон музичко забавен.

Несомнено е дека актерките се подготвиле за овој проект, но и нивните вокални можности се на ниво на врвни вокалисти, а нивото на изведба е на добро извежбана театарска претстава.

При осмислување на проектот актерки си го поставија прашањето, „Како девојки родени во 90-те би ја внеле скопската публика во Диско ерата на 70-те и 80-те?“ Актерки со своите извонредни перформанси успејаа многу вешто да го осмислат целиот двочасовeн програм со цел публика да заминe од Public Room срeќна, весела и со желба за повторно видување.

Со овој пионерски проект независните актерки истапуваат на слободниот пазар-јавноста, по моделот на „Broadway Theater”, каде успехот е гарантиран исклучиво доколку персормансот е прифатен од публиката и се бараат повеќе настапи. Ова е вистинската рецепта за окрупнување на независната културна сцена, за кое многу институции говорат а малку реализираат.

Билетите за настанот се купуваат на лице место.

Почеток на настанот е од 21 часот а од Public Room велат дека „Girls Night“ нуди незаборавна забава за сите љубители на добра музика и добар перформанс.

Стилист на целиот проект е Сашка Павловска, а продукцијата е на Јавна соба.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Необичен ден“ ја остава публиката без здив и ја шири универзалната порака за прифаќање на разликите

Редакција

(Фото) Селма Хајек зрачи со сексипил на 54 години

Редакција

Култниот серијал „Жикина династија“ ќе добие продолжение, еден лик повторно ќе игра во новиот серијал

Редакција