еМагазин
Image default
Бизнис

„Гласен текстилец“ бара да се повлечат новите антиковид-мерки за вработените во јавниот сектор

Здружението „Гласен текстилец“ најостро се спротивставува на предложените антиковид-мерки кои се однесуваат за сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место да да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или негативен ПЦР-тест направен на сопствен трошок. 

Во објавата на социјалните мрежи, „Гласен Текстилец“  смета дека тие се косат со позитивните прописи и меѓународни стандарди за човекови права.

Здружението „Гласен Текстилец“ најостро се спротивставува на овие предлог мерки и укажуваме на Владата да не ги усвојува, бидејќи самата Предлог-одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска т.е. спротивна на чл. 9,10,11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6,7,14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8,9 и 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, се вели во соопштението од „Гласен текстилец“.

Бараат веднаш да бидат повлечени овие мерки кои, како што велат, задираат во човековата слобода и дејствување. Во спротивно, тие ќе покренат иницијатива за оцена на уставноста и законитоста пред Уставниот суд и ќе ги повикаат на протест вработените и од јавен и од приватен сектор против ваквите мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, велат од Сојузот на синдикати на Македонија

Задолжителна вакцинација за здравствените работници, а за администрацијата вакцина, ПЦР тест или потврда за прележан ковид, предлага Комисијата за заразни болести

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на Народната банка за набавка на горива вреден 40.000 евра

Редакција

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ ќе бара правда по легален пат, откако бугарски универзитет со исто име доби дозвола за работа во земјава

Редакција

„ЗСФ КОМ“ на Фатмир Етеми повторно ја зголеми сопственоста во „Скопски пазар“

Редакција