еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот на Чаир во самоизолација по контакт со лице позитивно на корона вирусот

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на својот Фејсбук профил соопшти дека е во самоизолација откако бил во контакт со лице позитивно на корона вирусот.

„Ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација со вас, да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше позитивен на тестот за Ковид -19, затоа од овој момент ќе останам во самоизолација и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции,“ напиша Ганиу.

Тој апелира до граѓаните на внимателност, придржување до мерките и сериозно третирање на оваа проблематика бидејќи, како што вели, состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да отиде кон полошо.

МИА/Фото: Фејсбук/Ганиу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Манчевски оди во самоизолација, имал средба со Зекири

Вицепремиерката Мила Царовска во самоизолација откако имала средба со Мухамед Зекири

Новинарката Мрѓа која ја водеше емисијата со Зекири во домашна изолација, детали од телевизијата 24

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради некомплетна документација, Мијалков за сега останува во Шутка

Редакција

Новогодишна честитка и за Лика, Анѓушев, Османи, Спасовски и Шекеринска: Платите ќе им пораснат за 8.000 денари

Редакција

Со тензии продолжи судењето за „Меѓународен сојуз”

Редакција