еМагазин
Image default
Бизнис

Грчката компанија „Митилинеос“ ќе гради централа за струја во Скопје

Владата донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект, за проектот „Митилинеос – Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „Митилинеос“ ДООЕЛ – Скопје.

Вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија со моќност 90 до 105 мегавати и топлинска енергија со моќност од 135 со 150 мегавати.

Како што се наведува во соопштението, годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 гигават часови и околу 275 гигават часови топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски системи – МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје.

– Одлуката е донесена по објавен Јавен повик од страна на Владата на РС Македонија, на 31.01.2022 година, за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект и по соодветно разгледување на поднесеното барање, од страна на Комисијата за стратешки инвестициони проекти.

Донесената одлука е во насока на определбите на Владата за создавање услови за зголемување на домашното производство на електрична и топлинска енергија, посочуваат од владината Прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкава плата лани имал Бобан Гоговски, генералниот директор на Тетекс

Редакција

Договор од 2,1 милиони евра склучи Општина Велес со „Делта-пром„

Редакција

Народна банка ја олабави монетерната политикa: Основната каматна стапка намалена од 2,75 на 2,50 %

Редакција