еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Законот за здруженија постои член по кој може да се преиспита работата на постоечките бугарски здруженија, вели Пендаровски

Има правни експерти кои тврдат дека врз основа на постојниот Закон за здруженија и фондации има член што може да ја преиспита работата на постојните здруженија, ако тие не работат во насока на она што го декларирале, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Според него, еден од тие услови е ако разгоруваат национални или верска омраза и нетрпеливост.

Во одговор на новинарско прашање претседателот истакна дека во случајот со формирањето на задруженија со контроверзни имиња се работи за интенција од страна на Бугарите кои живеат во Македонија.

– Инаку, некои од здруженијата се формирани пред три години. Последното е формирано пред една година. И не е возможно кога ние почнуваме скрининг процес и отвораме процес на преговори, генерално после 17 години, тоа да биде баш случајно.

Јас пред три месеци, ако паметите, предложив да се донесат амандмани на постојниот Закон и гледам дека Владата кон крајот на месецов најавува дека ќе има такво нешто. Меѓутоа, тоа ќе го реши проблемот за понатаму, значи од усвојување на законот па понатаму, додаде Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во фаза на регистрација трет бугарски клуб со контроверзно историско име, “Цар Фердинанд”

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат болните од Ковид-19

Редакција

ТАВ Македонија и Жан Митрев Клиник со решение за новите рестрикции за патување: Брзи антиген тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје

Редакција

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Редакција