еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат болните од Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 деца позитивни и 1 дете суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 127 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир околу 300

Вкупно 389: Починаа уште 4 пациенти заболени со Ковид-19

Нови 135 случаи на Ковид-19, во Скопје 76

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК ги отфрли сите 2.142 приговори, засега мандатите остануваат исти

Редакција

Во војната на страна на Украина се бореле 79 македонски државјани, загинале 26

Редакција

СЗО Европа: Македонија ги спроведува препораките, нема потреба од паника

Редакција