Кандидатот за премиер од редовите ДУИ, Насер Зибери вели дека бил негативен на Ковид-19.
На својот фејсбук профил тој денеска соопшти дека не бил позитивен на Ковид-19 и оти утре во 10:00 часот ќе го искористел своето право на глас.
Воедно тој ги повика сите граѓани да гласаат и да не станат жртви на злонамерна пропаганда.
“Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици.
Ве молам да ги користите вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што тоа не ве вреднува, напиша Зибери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насер Зибери позитивен на корона вирусот?!
Фото: ДУИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.