еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Томе Блажевски, претседателот на новиот бугарски клуб во Македонија, „Цар Борис Трети“, кој пред неколку дена се отвори во Охрид е во фокусот на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој го финансира бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид?

На отварањето, Блажевски кажа дека позади клубот стојат почитувачи на Цар Борис, (кој бил соработник на Адолф Хитлер), и дека не ни помислиле да направиме некоја провокација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

– Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо. Ние си живееме во Охрид, во Македонија. Не сме имале проблем со луѓето. Не сме провоцирале некој. Како што кажав, се се исполитизира и тоа е, изјави Блажевски.

Блажевски, нагласи дека од отворањето на здружението пред една година се било нормално и никој не ги стопирал или забранил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сме ни помислиле да направиме провокација, вели претседателот на бугарскиот клуб во Охрид

На фотографија со Мицкоски, кандидат за пратеник на “Македонски концепт„

Деновиве на социјалните мрежи масовно се споделува фотографија, на која охриѓанецот Блажевски е фотографиран со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Фотографијата од Бигорскиот манстир се појави во медиумите пред неколку месеци и нема официјална информација, кој и во какво својство ја направил, односно дали Блажевски бил во друштво на Мицкоски, кој повика на протест против отварањето на клубот или пак е случајно направена.

Блажевски во 2020 година беше кандидат за пратеник во Изборната единица 5, како преставник на „Македонски концепт“.

Семеен човек, татко на две малолетни деца

“Фокус” повикувајќи се на разговори со Охриѓани, објави дека тие го опишуваат како семеен човек, татко на две малолетни деца, кој заработувал за живот продавајќи маски и додатоци за мобилни телефони на тезга.

-Неговите родители пред повеќе од 20 години останаа без работа и си заминаа во Канада. Колку што знаеме, и тој еден период беше таму. Не знаеме зошто се врати во Охрид, продаваше маски за мобилни телефони на тезга, а потоа некако навлезе во друштво со луѓе кои посредуваа за бугарски пасоши.

Започна да се занимава со бугарски историски книги, им ги нудеше на сограѓаните. Сите не изненади ова што се случува. Револтот не ни е поради отворањето на бугарски клуб, туку поради именувањето на клубот според контроверзна личност, сметаме дека тоа е директна провокација за нашиот народ, велат Охриѓани за Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) И во кафана се славеше отварањето на бугарскиот клуб во Охрид

(Видео) Јајца и камења за новиот бугарски клуб во Охрид, спречен инцидент

Фото: МИА/Фејсбук/Цар Борис/Скопје 1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи

Редакција

Бугарската фондација која ги финасира бугарските клубови во Македонија шири лажни вести

Редакција

Нови 222 случаи со Ковид-19, осум починати и 268 оздравени пациенти

Редакција