еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вонредна инспекциска контрола на АХВ во ЗОО во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спровеле вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни.

– Со контролата, утврдено е дека во објект кланица со комора во зоолошката градина, кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, заклани се десет копитари, без соодветна документација, односно со непознат здравствен статус, неидентификувани и нерегистрирани и без соодветен документ за движење, иако истите на зоолошката градина и се отстапени на чување во соодветни услови од страна на Управата за извршување на санкции при КПУ- КПД Идризово, соопштија денеска од АХВ.

Во депото, биле затекнати и две живи животни, а во фрижидерите во склоп на кланичниот објект најдени се мрши од закланите животни во вкупна количина од 1.286 килограми и 100 замрзнати пилиња.

– Бидејќи месото од закланите копитари потекнува од неидентификувани и нерегистрирани животни со непознат здравствен статус кои се заклани во неодобрен објект, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде Решение и нареди нештетно уништување на небезбедното месо на депонијата Дрисла, информираат од АХВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затекнати како подготвуваат храна од заклани коњи: Приведени и кривична за директорот и пет вработени во Зоолошката во Скопје

Десетина коњи и мазги заклани во скопската Зоолошка, директорот разрешен

Фото: ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа десет пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 442

Редакција

Убава вест: 198 оздравени од Ковид-19

Редакција

Мицкоски: Се потврдија сомневањата дека постои директна спрега меѓу владеачката партија и „Русковска обвинителството“

Редакција