еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Затекнати како подготвуваат храна од заклани коњи: Приведени и кривична за директорот и пет вработени во Зоолошката во Скопје

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош вчера во 18 часот,  привеле пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник.

При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, информираа денеска од МВР, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

– Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор.

На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, се наведува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десетина коњи и мазги заклани во скопската Зоолошка, директорот разрешен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.347 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Од НАТО пo една година од војната: Русија мора да одговара за воените злосторства во Украина

Редакција

(Видео) Објавена снимка од инцидентот со обезбедувачот на Мицкоски и неговиот колега полицаец, истрагата се проширува

Редакција