еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Фон дер Лајен твитнала на македонски. Ма што збориш!

Ви текнува на некогашниот прв дипломат на Европската Унија, Федерика Могерини и на поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, кои кариера си направија на грбот на Македонија со Договорот од Преспа? Договорот за кој и тие тврдеа дека го „забетонирал“ македонскиот идентитет.

Слушнавте од нив деновиве изјава од типот да се престане со малтретирање на Македонците од страна, сега, на друга членка на Европската Унија, некаков став за т.н. францускиот предлог? Не? Нема ни да слушнете.

Исто и од поранешната канцеларка Ангела Меркел, која дојде дури во Македонија да не убедува да си го смениме името на државата и ни рече дека тоа ќе биде последно ненормално барање.

Така во иднина ќе биде и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за која завчера бевме „северномакедонци“, па вчера во македонското Собрание станавме драги Македонци, за да не убеди да го прифатиме непристојниот предлог.

Па дури и твитнала на македонски јазик. Ма што збориш! Во несвет да паднеш!

По некое време и неа ќе ја снема, како и креаторот на овој понижувачки и неправеден предлог, Емануел Макрон, а Македонија уште ќе сонува за влез во ЕУ и само еден Бог знае што се ќе изгуби на тој пат, на кој никој не му гледа крајот.

„Македонија нема да се движи напред кон членство. Европската Унија не покажа посветеност кон своите вредности. Ова не е успех и тоа наскоро ќе стане многу јасно“, напиша на својот Твитер профил Австриецот Гералд Кнаус, експерт за евроинтеграции и добар познавач на состојбите во Западен Балкан за „мисијата„ на Фон дер Лајен во Скопје.

Тој, за жал, не е осамен во својата прогноза. Бројни други европски и македонски аналитичари за евроинтеграции, предупредуваат на истото. Тие за разлика од бирократите од ЕУ не се толку загрижени за својата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател, но не и со македонскиот

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

Анализа на Телма: Чиста преговарачка рамка за Албанија, македонската условена и преседан

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ресен се ближи до бројката од 100 заразени со корона вирусот

Редакција

Се следи состојбата со цените, ако се оцени дека е потребно ќе продолжи Одлуката за трговските маржи

Редакција

Марко Пејчиновски со најголем подвиг ова лето: Плива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св.Наум-Охрид

Редакција