еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Анализа на Телма: Чиста преговарачка рамка за Албанија, македонската условена и преседан

Чиста формуација за „отворање на преговорите за пристапување“ без креативните решенија две фази, како во македонскиот случај, содржи текстот на преговарачката рамка за Албанија, до кој дојде телевизијата Телма.

-Во предлог-преговарачката рамка за Албанија нема никакви други дополнителни услови. Ниту во т.н. изјава за отворање на Првата меѓувладина конференција, ниту во генералните позиции на ЕУ. Се нотира само посветеноста на Албанија за решавање на граничниот спор со Грција, за што двете земји веќе имаат постигнато договор да се реши со арбитража. Но тоа е во издвоен параграф и не е условно поврзан во ниту еден контекст со општата консттација за добрососедски односи и регионална соработка, стои во анализата на двете преговарачки рамки на новинарот на Телма, Боби Христов.

-Всушност, споредбата на содржината и формулациите во двата документи (во македонскиот случај тоа се две меѓусебно поврзани меѓувладини конференции) јасно ги отсликуваат разликите и преседанот кој е направен за Македонија.

Албанија ги почнува преговорите со Првата меѓвладина конференција, на која ќе биде претставена и преговарачката рамка.

Во точка 11 од т.н. воведна изјава на ЕУ, изјава за отворање јасно стои дека ЕУ на првата Меѓувладина конференција ја претставува и Преговарачката рамка, претходно утврдена од Советот.

Предлогот за Македонија го има преседанот со креативното решение за прва фаза во отворањето на преговорите. Во воведната изјава за Првата политичка меѓувладина конференција пишува прецизно: започнување на првата фаза од преговорите за пристапување.

Дополнително, во точка 11 од Воведната изјава јасно е нагласено дека Преговарачката рамка ќе биде презентирана на Втората меѓувладина конференција или прецизно според формулацијата „на следниот состанок на меѓувладината конференција која сме подготвени да ја одржиме без понатамошни одлагања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом С Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени…“

Оттука, поради потребата, или условот за промена на Уставот, за во него да се внесат Бугарите (а заедно со нив и Црногорците и Хрватите) „пакетот“ Македонија – Албанија всушност се раздвојува и европскиот пат двете земји, барем во почеток, го одат по два различни колосеци, стои во анализата.

Целата анализа ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен твитнала на македонски. Ма што збориш!

Академик Ќулавкова: „Францускиот предлог“ е вовед во дезидентификација, делегитимација и колонизација на Македонија

(Фото) Куманово маршираше против „францускиот предлог“ на чело со градоначалникот Димитриевски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две директорки на клиники, Стефановиќ и Пејкова, избрани во Извршниот одбор на СДСМ

Редакција

Kривична пријава против скопјанка која се борела во редовите на Исламската држава во Сирија

Редакција

Утре лидерска кај Пендаровски за одложување на изборите

Редакција