еМагазин
Image default
Македонија

Утре лидерска кај Пендаровски за одложување на изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција соопшти дека телефонски разговарал со претседателот на државата, Стево Пендаровски од кого побарал лидерска средба за одложување на изборите.

Рече дека претседателот се согласил за средбата на лидерите на партиите и дека таа ќе се одржи утре.

Побарал одлагање на изборите зашто здравјето на граѓаните е најважно и дека сите политички субјекти треба да размислуваат државнички.

Според него, Владата треба да прогласи кризна состојба на целата територија на државата. Смета дека не се преземени мерки за стопанството кое дневно има огромни загуби, нема алтернатива за образованието, погодени се сектори и гранки.

Мицкоски на прес-конференцијата на отворено пред партиското седиште соопшти дека сите аргументи и потребата за одлагање на изборите ќе ги предочи на лидерската средба.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

Заев: Ќе побараме одложување на изборите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев во Владата ги информираше партиите од владината коалиција за договорот со Алтернатива

Редакција

Досега вакцинирани 53.193 граѓани, расте интересот за вакцинирање

Редакција

Власта и опозицијата во Албанија против формирање на општините Гора и Голо Брдо, населени со македонско население

Редакција