еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не сме ни помислиле да направиме провокација, вели претседателот на бугарскиот клуб во Охрид

Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ е отворено пред една година со сите документи, со целиот почит кон државата, институциите и законите. Ние сме почитувачи и само го избравме ликот на Цар Борис III како еден бугарски цар. Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо. Ова го кажа претседателот на здружението Томе Блажевски, денеска пред медиумите по неговото отворање во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид веднаш до куќата каде Колишевски е осуден на смрт

За протестот против отворањето, Блажевски вели дека, тоа е граѓанско право и дека не можат да запрат никој.

– Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо. Ние си живееме во Охрид, во Македонија. Не сме имале проблем со луѓето. Не сме провоцирале некој. Како што кажав, се се исполитизира и тоа е, изјави Блажевски.

Блажевски, нагласи дека од отворањето на здружението пред една година се било нормално и никој не ги стопирал или забранил.

– Последнава, скоро една година почна да се политизира целата работа и се крена глас против нас. Ние се оградивме дека немаме никаква соработка или некои неонацистички или фашистички движења. Доколку имаме нас нека не судат. Меѓутоа, ние таква работа не сме направиле.

Нашето е, како што кажав, само почитувачи и само го избравме ликот на цар Борис како еден бугарски цар и тоа беше се, изјави Блажевски.

Според него, тие не направиле никаков прекршок и ги запазиле сите закони.

-Ние доколку нешто сме згрешиле, се извинуваме на целата јавност. Не направивме никаков прекршок, ги запазивме сите закони со целиот почит кон државата Република Македонија, кон Македонците. Немаме никаков проблем засега, меѓутоа како што кажав се исполитизира многу работата и се надеваме да си биде се во ред, изјави Блажевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јајца и камења за новиот бугарски клуб во Охрид, спречен инцидент

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен, вели Ковачевски

Редакција

Заев очекува екстрадиција на Груевски: Унгарија да не штити криминалец кој направил штета на граѓаните

Редакција

Министерките ќе се спасат од „метлата“ на Заев

Редакција