еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на извозот за 18,3, а на увозот за 26.2%

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – август 2022 година, изнесува 5.396.652.000 евра и бележи пораст од 18.3% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.894.510.000, што е за 26.2% повеќе во лани.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2022 година, изнесува 2.497.858.000 евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите за седишта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородните метали во колоидна состојба, соединенијата, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани, амалгамите од благородни метали.

Во периодот јануари – август 2022 година, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на ССК, Арсовска од Париз: Нестабилната политичко и социо-економска состојба ги одвраќа инвеститорите

Редакција

Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 проценти за 2019 година

Редакција

Издадена нова емисија обврзници за денационализација во износ од осум милиони евра

Редакција