еМагазин
Image default
Македонија

Референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го повтори ставот дека најавениот референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ е за внатрешно – партиска употреба и дека оваа опозициска партија заедно со Левица се единствените две партии кои се против влез во ЕУ.

Македонија, потенцира тој, го започна патот за зачленување во ЕУ и ваков референдум е неревантен.

-Прво, Македонија на референдум при осамостојувањето се изјасни дека сака независна држава членка на ЕУ и на НАТО. ВМРО – ДПМНЕ е партија која беше против членство во НАТО, сега заедно со нивниот нов коалиционен партнер Левице се единствените две партии кои се против членството во ЕУ и тоа јасно го покажаа при гласањето за предлогот на ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите со Македонија.

Меѓутоа доминантниот број на пратеници 68 што ги претставуваат граѓаните донесоа одлука Македонија да ги отпочне преговорите. Тој референдум што го зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е единствено заради нивна внатрешно-политичка употреба, бидејќи нема политичка партија освен неговиот партнер Левица која е против НАТО и ЕУ и е за сојуз Централно-азиски некаков со Русија, да е против ЕУ, рече Ковачевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба идеолошки да расчисти кај себе дали сака да ја види државава во ЕУ или не. Пораката до опозициската партија на премиерот Ковачевски е дека Македонија ги почна преговорте и тоа со чист македонски јазик, со заштитен идентите и потврдено не само од нас туку од претседателката на ЕК и од потпретседателот на ЕК.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР ќе поднесе кривична пријава против пет лица за „орото во Чаир“

Редакција

Мицкоски од Кораб, а Груевски со сеќавање на студентските денови го честитаа Денот на независноста

Редакција

Нови 565 случаи со Ковид-19 од 1.325 тестирања, најмногу во Скопје 230

Редакција