еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР ќе поднесе кривична пријава против пет лица за „орото во Чаир“

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе поднесе кривична пријава против пет лица – П.Ќ. (50), А.З. (46), Е.Е. (36), Е.Е. (57) и Б.Д. (28), сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 24-ти минатиот месец предизвикале опасност од пренесување на вирусот Ковид -19.

Со тоа, лицата сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, како што соопшти денеска МВР, на 24 мај 2020 година во периодот меѓу 9:00 и 10:30 часот, на улицата „Архиепископ Доситеј“, пред зграда бр.6, поради празнично расположение од верскиот празник, се собрале во поголема група од дозволеното и играле оро.

Со тоа, како што се наведува, лицата ја прекршиле забраната на собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, како и Уредбата за задолжително носење на заштитна маска и држење на социјална дистанца. Со наведените дејствија предизвикале опасност од пренесување на вирусот Ковид-19.

За кривично-правниот настан, за кој МВР дозна од видео поставено на социјалните мрежи од страна на пријавените, известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки за постапување.

„По преземените мерки за идентификување на лицата од видео записот, утврдени се сите петмина пријавени и се повикани во Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар за да дадат појаснување за стореното кривично дело кое им се става на товар при што само Б.Д. го негирал извршувањето на кривичното дело“, се вели во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свадбата во Чаир нов кластер, 14 заразени со корона вирусот: Ем не почитуваат мерки, ем не соработуваат со епидемиолози

Чаир стигна до 394 активни случаи со Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини

Угостителски објекти од кои најголем дел во Чаир и Тетово не ги почитувале протоколите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

В недела почнува зимското сметање на времето

Редакција

Таткото на математичкиот гениј Македон од Тетово: Добивме големо ништо од државата

Редакција

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Редакција