еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски за затворската казна за случајот „Плацеви на Водно“: Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта

Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година. Исто како и тогаш: во име на народот, пишува поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, за денешната пресуда од седум години казна затвор за него за случајот „Плацеви на Водно“

„Една модерна инквизиција во која жртвата пред судењето да почне е веќе осудена и неформално е договорена и висината на казната помеѓу спрегата власт-опозиција-судство. Само политиката има сила да го смени тоа, бидејќи таа го создава.

Време во кое судиите за да не си направат личен проблем за себе, во ваквите процеси не судат по закон и со реални докази, туку прифаќаат изјави на уценети сведоци од Обвинителството и власта кои се темелат на претпоставки, па така и ги именуваат (самите тие сведоци не кријат дека кажуваат претпоставки) и како тежок преседан се прифаќаат како неспорни докази лажни искази на обвинети на кои во истиот и/или во други предмети кои ги води истиот обвинител им се заканува сериозна казна, па за да се спасат од прогонот подготвени се на се.

Тие лица исказите и одбраната ја менуваат од час во час, особено откако ќе ги стават во притвор кој во Македонија е инструмент за тортура и изнуда на лажни изјави и лажни признанија,“ пишува меѓудругото Груевски на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) “Плацови на Водно„: 7 години затвор за Груевски, Мијалков доби 1 година и 3 месеци, а Камчев 1 година

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 297 оздравени пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари

Редакција

(ВИДЕО) Ја одбрани титулата: Шпанија е европски првак во ракомет

Редакција