еМагазин
Image default
Бизнис

„Хаваш“ ќе биде консултант на ТАВ Македонија за услугите за прифат и отпрема на скопскиот аеродром

Компанијата „Хаваш“, која е дел од „ТАВ Аеродроми“ и Групацијата АДП, ќе работи како консултантска компанија за „ТАВ Македонија“ за услуги за прифат и отпрема на воздухоплови, патници, багаж, стоки и пошта коишто се нудат на авиокомпаниите на Меѓународниот аеродром Скопје.

Од „ТАВ Македонија“ информираат дека „Хаваш“ е специјализиран за аеродромски операции за прифат и отпрема во Турција и на други пазари каде што работи групацијата „ТАВ Аеродроми“.

– Затоа, оваа компанија е ангажирана и на македонскиот пазар како консултантска компанија, со цел да ги пренесе своите знаења и вештини, како и богатото долгогодишното меѓународно искуство, велат од ТАВ Македонија.

Според генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Метин Батак, со ова ќе се зголеми квалитетот на услугите.

– Во „ТАВ Македонија“ веќе имаме квалификуван и компетентен тим за прифат и отпрема, а сега дополнително ќе имаме придобивки од меѓународното искуство на „Хаваш“.

Наградата за Квалитет на аеродромските услуги (ASQ) што Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби оваа година по 7-ми пат, е доказ за нашата постојана посветеност кон подобрување на задоволството на клиентите, со користење на колективното знаење и вештини на групацијата.

Овој пат ќе имаме големи придобивки од глобалната експертиза на „Хаваш“. Тие ќе ни помогнат да се истакнеме во нашите процеси за прифат и отпрема, со што можеме да обезбедиме одлични услуги за авиокомпаниите, вели Батак.

Од „Хаваш“ најавуваат дека нивното искуство и знаење ќе го пренесат и на скопскиот аеродром.

– Нашето долгогодишно меѓународно искуство и знаење ќе го пренесуваме на скопскиот аеродром, значаен центар на Балканот, во услугите за прифат и отпрема, вели С.Мете Ерна, генерален директор на „Хаваш“.

ТАВ Аеродроми се присутни на македонскиот пазар од 2010 година и управуваат со двата аеродроми во земјава – Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Фото: ТАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГА-МА купува телеметриски систем за гасоводот за 53.000.000 денари

Редакција

Горивата поскапуваат за три ипол денари

Редакција

Итно средба во Владата и заедничко креирање на измените на Законот за игри на среќа, бараат обложувалниците

Редакција