Хотели Метропол АД Охрид во првите шест месеци од годинава остварил нето загуба од 23.327 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Приходите на Друштвото изнесуваат 61.253 илјади денари и истите споредено со истиот период лани се намалени за 1%.
-Од овие приходи најголем дел отпаѓаат на основната дејност на фирмата, односно 59.798 илјади денари, и истите се зголемени за 1% во однос на 2025 година.
Останатите приходи во износ од 570 илјади денари се намалени за 71% во однос на истите од минатата година.
Финансиските приходи во 2026 година се намалени во однос на 2025 година за 12% и изнесуваат 974 илјади денари, велат од таму.
Расходите изнесуваат 85,542 илјади денари, и се зголемени за 7% во однос на расходите во 2025 година.
-Најголемо учество во вкупните расходи за 2026 година имаат трошоците за вработени односно 40.892 илјади денари со учество од 48% од вкупните расходи.
Трошоците за суровини и материјали во износ од 19,156 илјади денари се значајна ставка во расходите со 22% учество, кои во однос на 2025 година се зголемени за 8%.
Финансиските расходи бележат намалување во 2026 година во однос на истите од претходната 2025 година за 40%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














