еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватскиот претседател Милановиќ најави вето за влезот на Финска во НАТО

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина.

„На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој ќе биде за“, рече Милановиќ.

На вчерашното одбележување на Денот на Вуковар, тој ја нарече хрватската влада „предавничка“.

„Имаме предавничка влада, ги предава Хрватите во Босна и Херцеговина, а тие луѓе таму бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права“, рече Милановиќ.

Тој оцени дека се очекува во БиХ да се игнорира фактот дека има Хрвати, Срби и Бошњаци, за да можат Бошњаците да ги надгласаат Хрватите.

МИА/Фото: Фејсбук/Милановиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тринаесет илјади неискористени дози вакцини од донацијата од Бугарија повлечени поради истечен рок

Редакција

Еуромакс Ресоурсис: Надлежните институции без одлагање да овозможат реализација на најголемата странска инвестиција

Редакција

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра, објави „360 степени„

Редакција