Албанци од Македонија учествуваат на протестите во Албанија и се жртви на „политички каравани“, посочи Рама

Премиерот на Албанија Еди Рама посочи дека Албанци од Македонија и од Косово се дел од протестите во Тирана против изградбата на луксузното одморалиште на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер и истите ги нарече жртви на „политички каравани“. Според него, не станува збор за лица од дијаспора, бидејќи живеат во сопствената држава.

„Албанците од Северна Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од Косово, кои имаат своја независна држава“, пишува Рама на социјалните мрежи.

Во Албанија се одржуваат протести наречени „Фламинго револуција“ поради изградбата на луксузниот туристички комплекс, на кои, учесниците порачуваат дека Албанија не е на продажба.

Фото/Принтскрин видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести