еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

И „Еуровиа“ меѓу подизведувачите на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар – Букојчани

Утре треба да стартува изградбата на делницата Гостивар – Букојчани, која е во должина од 30,1 километри.

Оваа е најкомплицираната делница, која има и најмалку земјиште за експропријација, а порталот А1он објави дека американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за делницата како подизведувачи ги ангажирал домашните фирми „АК инвест“, „Еуровиа“ и „Стентон градба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Елмедин Адеми, сопственикот на Еуровиа, донатор на ДУИ, која доби милионски тендер на МНР

Фирмата „Еуровиа“, донатор на владејачката ДУИ, периодов е фокусот на јавноста за тендерот кој го доби од Министерството за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Османи и врвот на ДУИ на свеченост кај донаторот Адеми, кој го доби милионскиот тендер на МНР

Покрај Гостивар – Букојчани, со договорот на Владата со „Бехтел и Енка“, опфатени се и автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) и Тетово – Гостивар (над 17  километри), а од Коридорот 10-д  и на делницата Прилеп – Битола (40 километри).

Последната делница што ќе се гради треба да биде Требеништа – Струга – Ќафасан.

На западниот дел од Коридорот 8 низ Македонија, од Скопје до Ќафасан останува да се доизгради на ниво на автопат делницата од Кичево до Охрид, која се гради веќе 10 години, како и подделницата од Букојчани до Кичево во должина од околу 10,2 километри, која треба да ја изгради Јавното претпријатие за државни патишта со заем од Европската банка за обнова и развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како е можно потпретседателот Османи да не знае дека Еуровиа е донатор на ДУИ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ги потврди пресудите за Катица Јанева и Боки 13 за „Рекет”

Редакција

(ВИДЕО) За што се пее во грчката “Македонија славна“

Редакција

Аукцијата на 3. октомври: Објавен проспектот за првата емисија на зелени обврзници

Редакција