еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Имагинација, Дизјан, Технологија: Промоција на монографија и изложба на дела на студентите од насоката Индустриски дизајн

Студентите и професорите од насоката Индустриски дизајн при Машинскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржаа дигитална промоција и изложба на Монографија во која се содржани одбрани дела на студентите од неколку претходни академски години.

Промоцијата и изложбата се одржаа на платформата Microsoft Teams, а свечено ја отвори  деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Дарко Данев.

Тој истакна дека овој настан во овие тешки времиња е светла точка и покажува дека кој сака да се вложи, може и да блесне, а студентите и професорите го направија токму тоа внесоа светлина со промоцијата на четвртата Монографија.

Проф.д-р Татјана Кандикјан, под чија палка се реализира изработката, организацијата и презентацијата на оваа Монографија насловена Имафинација >> Дизајн << Технологија, потенцира дека на тој начин се дава увид на студиите и студентите од насоката индустриски дизајн на Машинскиот факултет, нивниот напредок и се дава пример за создавање уште подобри креативни проекти во наредните генерации.

„Најзаслужни за овие проекти се студентите кои се непресушен извор на идеи, професорите кои ги насочуваат и им даваат поддршка и  фирмите кои помагаат во нивната реализација. Се надевам дека оваа изложба ќе им биде портфолио на нашите студенти за нивните идни успеси, вработувања, нивниот професионален развој’, истакна проф.д-р Татјана Кандикјан.

Професорите се надеваат дека иновативните проекти на студентите од насоката Индустриски дизајн ќе бидат предизвик за компаниите.

Проф. д-р Софија Сидоренко, порача дека е горда на големата енергија и ентузијазам кои ги вложуваат студентите, а предизвиците им стануваат секојдневие.

На настанот, од страна на студенти беа презентирани најновите иновативни дизајни на светилки, мебел, техника, играчки, декоративни предмети и низа други производи изработени од вештите раце на младите дизајнери. Во процесот на дизајнирање применети се дизајнерски методи за анализа и прибирање на податоци, а сето тоа е преточено во уникатни производи со користење на современи алатки и техники.

Линк кој води до страната каде е поставена дигиталната Монографија ОВДЕ.

Насоката Индустриски дизајн е основана во учебната 2003/2004 година на Машинскиот факултет во Скопје. Од тогаш студентите се активни учесници на многу настани од областа на дизајнот, како во државата, така и надвор од неа. Некои од нив се: Саем на мебел, Скопје Креатива, Недела на дизајнот во Скопје, Миксер – фестивал на креативни уметности во Белград, Недела на дизајн во Пловдив, D Day – недела на дизајн во Загреб, Недела на дизајнот во Милано.

За успешноста на студентите дополнително сведочат и бројните награди на национални и меѓунардни натпревари, меѓу кои: Макинова, Еконова, Интернационален натпревар во SolidWorks и други.

Повеќе информации за работата на насоката и студентите може да се најдат на официјалната страна на насоката Индустриски дизајн, design.mf.edu.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Со „Ладна“ детските соништа се исполнуваат: Катја нѝ покажа дека треба да веруваш и сакаш

Редакција

(Фото) Зимска идила во Крушево, Пелистер, Попова Шапка, Маврово

Редакција

Бесплатна проекција на македонски филмови од 14 до 16 февруари во МКЦ

Редакција