еМагазин
Image default
Бизнис

Индустриското производство во првите три месеци зголемено за 3,5%

Индустриското производство во март е зголемено за 3,2 проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Пораст е забележан во секторот Рударство и вадење на камен за 9,7 проценти, во секторот Снадбување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,7 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 2,1 процент.

Според главните индустриски групи, производството во март бележи пораст кај Енергијата за 9,7 проценти, Интермедијарните производи, освен енергијата за 3,6 отсто, Капиталните производи за 1,9 проценти, Трајните производи за широка потрошувачка за 33,2 отсто и Нетрајните производи за широка потрошувачка за 0.9 проценти.

Зголемување на индустриското производство од 3,5 проценти е забележано и во периодот јануари – март во споредба со истиот период лани.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катастрофална година за тутунарите: Помал род и послаб квалитет

Редакција

Голем пораст на прометот на Македонската берза и покрај кризата од корона вирусот

Редакција

Регистрирани четири случаи на африканска свинска чума кај диви свињи во Делчевско

Редакција