Инфлацијата во март порасна на 4,9%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, изнесува 0.7 %, информираа од Државниот завод за статистика.       

Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3.2 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.6 %, Рекреација, спорт и култура за 0.5 %, Услуги за образование, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 %, Облека и обувки за 0.3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Информации и комуникации за 0.2 %, Здравствена заштита, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во март 2026 година во однос на февруари 2026 година изнесува 100.9. 

Индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.4 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако нафтената криза потрае, ефектите поинтензивно би се почувствувале во јуни: Анализа на Finance Think за инфлацијата

Април со цените ќе биде полош од март

На Македонија не и бега зголемена инфлација поради војната на Блискиот Исток

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести