И во март продолжува трендот на раст на угостителските услуги

Цените на угостителските услуги во март 2026 година се зголемени за 0.1 % во однос на претходниот месец, информираа од Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во март 2026 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 2.4 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.4 %.

Цените во угостителството, по групи, во март 2026 година во однос на февруари 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.2 % додека кај групите Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести