еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Инфо-караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци, се приближува рокот за аплицирање за Мерка 1 од ИПАРД Програмата

Инфо караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци и се сретна со заинтересираните лица кои што сакаа да се информираат за Мерка 1, односно инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Инфо средбите беа организирани по најновиот протокол за заштита од Ковид-19, на отворен простор, а на влезот на секоја локација се мереше телесната температура на секој посетител, се дезинфицираа рацете и му се даваше заштитна маска, се правеше евиденција за присутност, со давање на рекламен материјал и освежителен пијалак, вода или сок.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, бидејќи крајниот рок за поднесување на барањата за Мерка 1 е 03 август 2020 година.

Во понеделник, 27.07, инфо караванот продолжува со информирање за Мерка 1 во општините Зајас во кругот на училиштето “ОУ Реџо Рушит”, од 11:00 часот и Осломеј, во кругот на OУ„ Милто Ѓурра”-с. Стрелци во 15:00 часот.

Последниот ден од инфо караванот низ државата ќе биде во општина Конче, на 28.07 во дворот општината Конче од 11:00 часот.

Мерка 1 ги опфаќа заинтересираните сопственици на земјоделски стопанства, физички лица кои што се носители на семејно земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, кои што имаат производни капацитети од растително или сточарско производство.

Со овие инвестиции се постигнува јавно здравје, благосостојба на животните и заштита на животната средина а со тоа поквалитетно производство и развиено земјоделско стопанство.

За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: ipard.gov.mk, mzsv.gov.mk, ipardpa.gov.mk, agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ да ја награди Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон Унијата, порача Шолц од Тирана

Редакција

(АУДИО) Португалската министерка Закаријаш рекла „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“

Редакција

Француската амбасадорка Барсак: Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат на патот кон ЕУ

Редакција