Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во контролите на над 300 бензински станици, не откриле криење на залихите на гориво, изјави денеска директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски.
Тој појасни дека во триесетина бензиски станици престанале со точење гориво откако ги истрошиле залихите.
„По час-два можеби и четири часа, по ново танкирање на резервоарите продолжуваат со точење на гориво. Таква беше ситуацијата во овие три-четири дена,“ рече Стојкоски.
Тој најави дека инспекцискиот надзор е продолжен кај дел од бензинските станици.
Фото: Unsplash














