Скопјанец со електрошок ја нападнал поранешната девојка и нејзиното момче во нејзиниот дом во Велес

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 09.03.2026 година во 08:30 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, 23-годишна девојка од Велес пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б .(26) од Скопје, нејзин поранешен партнер, кој физички ја нападнал неа и нејзиното сегашно 24-годишно момче.

Според пријавата, со него дошле и М.К .(30) и Д.Б. (43), двајцата од Скопје, кои исто така го нападнале нејзиниот партнер. При нападот употребиле електрошок и тврд предмет.

-По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., по што биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од таму.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести