Интернешнел Хотелс АД Скопје во периодот од 01.01 до 31.03.2022 година оствари вкупни приходи од 17,18 милиони денари, кои се зголемени во однос на истиот период во 2021 година, а вкупните трошоци изнесуваат 19,155 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.
“Остварен е негативен финансиски резултат во износ од 1,967 милиони денари“, велат од компанијата.
Од таму посочуваат дека се остварени 7.484 ноќевања за овој период и дека деловната активност на Друштвото во 2022 година била зголемена споредбено со истиот период минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Интернешнел Хотелс лани работел со загуба
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.