еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инвеститорите во ТИРЗ бараат разјаснување, како да аплицираат за да постават фотоволтаици на нивните фабрики

Директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс вели дека изминатите години се донесоа голем број на значајни промени во енергетскиот сектор, а темата обновливи извори на енергија добива сè поголемо значење.

„Домаќинствата, малите потрошувачи, како и индивидуалните корисници во земјата имаат право да постават фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за сопствени потреби.

Вишокот на електрична енергија произведена од овие фотоволтаични системи може да се пренесе во електродистрибутивната мрежа, при што корисникот на енергијата е истовремено и производител и корисник на електрична енергија.

Фотоволтаични системи со инсталирана моќност до 1 MW може да се поставуваат на покриви по добивање на одобрение од општина – овој процес е многу поедноставен отколку добивање градежна дозвола.

Постапката опфаќа доставување на извод од урбанистичкиот план или имотниот лист, ревидиран проект, договор со сопственикот на објектот, лиценца во зависност од капацитетот и согласност од Агенцијата за цивилно воздухопловство, во зависност од висината на панелите.

Оваа одредба не ги опфаќа инвеститорите во Техничко-Индустриските Развојни Зони (ТИРЗ).

Затоа е пожелно прилагодување на законската одредба која важи за ТИРЗ. Треба да се разјасни како инвеститорите во ТИРЗ можат да аплицираат за добивање дозвола за поставување на фотоволтаични модули на крововите на своите производни капацитети со цел производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка,“ вели Мартенс.

Според него, производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија енормно придонесува кон зголемување на заштитата на животната средина и се вклопува во стратегијата за развој на енергетскиот сектор на Северна Македонија со која се стреми кон што поголемо производство на енергија од обновливи извори на енергија.

Во тек се извесни промени во регулативите кои ќе овозможат поедноставување на постапките за инсталација на кровни панели и зголемување на капацитетот на инсталирана моќност на овие производни капацитети.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 14 случаи на Ковид-19 од 1.489 тестирања

Редакција

(Видео) Синот на Џон Ленон во чест на Украина за првпат ја изведе култната “Imagine”

Редакција

Нови 498 случаи на Ковид-19 од 2.467 тестирања

Редакција