еМагазин
Image default
Бизнис

Итна промена на мерките или финансиска поддршка, приходите се преполовени, бара Асоцијацијата на спортски обложувалници

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека со новите ковид мерки, со кои за влез во спортска обложувалница се бара сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид во последните 45 дена, драстично е опаднат прометот, според проценките на членките на АСОМ за речиси 50%, што директно значи и намален приход во државниот буџет.

Со ова е загрозен опстанокот на оваа стопанска гранка и во прашање се доведени работните места на повеќе од 3.500 директно вработени во спортските обложувалници и преку 50.000 вработени во други дејности коишто зависат од работењето на обложувалниците.

Од почетокот на пандемијата, спортските обложувалници доследно и во целост ги почитуваат сите мерки и протоколи за работа кои ги носеше Владата за превенција од Ковид-19, велат од таму.

„Спортските обложувалници беа првите целосно затворени субјекти дури два месеци, во периодот од март до мај 2020 година. По отворањето, обложувалниците продолжија да работат по најстроги протоколи, иако во објектите на спортските обложувалници практично и да нема задржување.

Работата се одвива преку шалтерски систем со минимално задржување на играчите, а дека мерките и протоколите се почитуваат во целост го потврдува и фактот дека ниту еден објект не е санкциониран за непочитување на истите.

Со оглед на лошите финансиски резултати од работењето кои ги бележат членките, а предизвикани од новите ковид мерки, земајќи ги предвид претходно наведените факти, бараме Владата и Комисијата за заразни болести да направат итна промена на мерките за спортските обложувалници, односно тие да бидат изземени од објектите во кои при влез задолжително треба да се поседува и прикаже сертификат за вакцинација или тест за прележан ковид во последните 45 дена“, велат од АСОМ.

Во спротивно, бараме итно носење на економски мерки за помош со кои би се помогнало на спортските обложувалници, но и на сите други субјетки кои се соочуваат со истиот проблем, а во насока на поддршка за одржливост на бизнисот и зачувување на работните места, посочуваат од таму.

„Ние како Асоцијација и сите наши членки даваме целосна поддршка на Владата во напорите да се спроведе што помасовна имунизација на населението. Веруваме дека вакцинацијата е најдобриот начин што поскоро да се излезе од кризата, да се стабилизира економијата и да продолжат инвестиции и развој во стопанството.

Но, до тогаш, не смееме да дозволиме да решавајќи еден проблем, отвориме низа други кои дополнително ја дестабилизираат економијата и бизнисот.

Во насока на ова, повторно апелираме Владата итно да овозможи он-лајн игри на среќа преку домашните лиценцирани приредувачи кое дополнително ќе придонесе кон поголема безбедност за играчите и ќе помогне во одржување на дејноста која има силен социо-економски придонес во државната економија.

Секоја година од индустријата на игри на среќа во државниот и локалните буџети се слеваат повеќе од 250 милиони евра. Тука се вклучени директни и индиректни приходи, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор.

Воведувањето на он-лајн игрите на среќа преку домашните лиценцирани приредувачи ќе значи уште поголем прилив во државниот буџет и повеќе  средства кои понатаму се вложуваат во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Сега, немањето можност за играчите легално да ги користат он-лајн игрите на среќа преку домашните лиценцирани приредувачи, придонесува тие да играат на странски сајтови што предизвикува одлив на средства надвор од државата во вредност од 40 до 50 милиони евра на годишно ниво, по сите основи. Со тоа губат и приредувачите и државниот буџет“, велат од АСОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август

Редакција

Поради корона вирусот: ТТК Банка сака да одржи Собрание без физичко присуство на акционерите

Редакција

„Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Основниот суд Скопје 1 за набавка на струја вреден 80.000 евра

Редакција