Иван Куковски е новиот директор на РЕК Битола.
Тој доаѓа на местото на Тони Петрушевски, кој побарал, како што информираа за еМагазин од ЕСМ АД Скопје, да биде разрешен од лични причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Куковски е нов директор на РЕК Битола
Петрушевски стана директор во 2024 година.
Кој е Куковски
Роден е на на 7. јули 1954 година во селото Галичник, Општина Маврово и Ростуше.
Дипломирал во 1981 и магистрирал во 2002 година на Електротехничкиот факултет во Скопје.
Тој е магистер на технички науки.
Зборува англиски и српски јазик.
Работно искуство
Целокупниот работен стаж од над 37 години го поминал во рамките на државната ЕСМ, во чии рамки функционира и подружницата РЕК Битола.
Од 1981 до 1986 година бил вработен во РЕК Битола –Термоелектрана.
Од 1986 до 2014 година работел во ХЕЦ Маврово – Гостивар, а од 2014 година до 2018 година работел во Дирекцијата на ЕСМ.
Како што стои во неговата биографија, во РЕК Битола работел на најсложените зафати на подесување и одржување на системот на релејна заштита и возбуда на турбогенераторите и во активно учество и водство во процесот на прво стартирање и синхронизација на трите блокови во ТЕ Битола.
Во ХЕЦ Маврово бил управник на ХЕЦ Вруток, раководител на служба за електроодржување, раководител на служба за производство и технички директор.
Од 2014 година до 2018 година е во Секторот за производство при ЕСМ каде работел како помошник директор за термоелектрични централи, а потоа и како директор на Секторот за производство на ЕСМ.
Од 2015 до 2017 година бил претседател на здружението на енергетичари на Македонија – ЗЕМАК.
Од 2011 до 2016 година бил претседател на Комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката.
Беше и претседател и член на Надзорниот одбор на ЕСМ.
Приватно
Тој е оженет и е татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Тони Петрушевски, кој повеќе не е директор на РЕК Битола














