еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Изложба „Париски рефлексии“ во Чифте амам од Коџоман, Кондовски, Шијак, Мазев..

Второ продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии“, ќе се отвори на 9 март, четврток во 12 часот, во Националната галерија Чифте амам.

„Изложбата која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во дел од нивното творештво биле поврзани во центарот на светската уметност – Париз, по што извршиле влијание врз развојот на македонската уметност, особено во доменот на пренесување на влијанијата на надреализмот, енформелот и останатите тогаш актуелни светски тенденции.

Оваа селекција се однесува на авторите кои се родени до 1930 година, кои ја дефинирале ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па се до шестата и седмата деценија на 20 век: Вангел Коџоман, Димитрије Поповиќ – Цицо, Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски, Вангел Наумовски и други, како и францускиот уметник Клод Дервен, кој во поново време творел во Македонија. Сите претставени дела се дел од Колекцијата на Националната галерија,“ информираат од Националната галерија.

Изложбата ќе ја отворат претседателот Стево Пендаровски, амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер и Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија.

Изложбата е во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата.

Фото: Национална галерија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на Фатмир Битиќи, новиот потпреседател на СДСМ

Редакција

Македонија и на листата на “непријателски земји“ на Белорусија

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на МРТ за набавка на бензин вреден 49.000 евра

Редакција