Смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, млада надежна дизајнерка од Неготино ја потресе македонската јавност, но уште повеќе нејзините блиски кои лично ја познаваа. Кулакова студираше на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“.
Професорите по дизајн кои и предавале, за неа велат дека била исклучително талентиранат студентка, со соништа за професионална реализација.
Креаторката Росица Мршиќ, која сподели фотографија од класата на студенти помеѓу кои е и Фросина, нејзе ја опишува како „ведрина“.
„Патувај мирно и нека твојата сјајна ѕвезда најде поубаво место да продолжи да сјае. А меѓу нас ќе остане засегаш твојата полна животна радост, колоритност и убавина што ја зрачеше постојано, ќе ни недостасуваш неизмерно,“ пишува Мршиќ.
Професорот Изет Цури кој што е основач на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, каде што Кулакова студираше, ја опиша како најдобриот „шарен“ студент кој некогаш го имале.
„Во мојата досегашна предавачка кариера никогаш не сум имал волку тешка задача пред самиот себе, да напишам објава за прерано згаснат живот на исклучително талентирана студентка.
Ќе ја паметиме по преубавата сончева насмевка, доброто срце, индивидуалниот пристап кон дизајнот, соништата за професионална реализација.
Не постојат соодветни зборови на сочувство за вака трагично изгубен живот,“ напиша креаторот, Никола Ефтимов.
Кулакова ја усмрти пијан возач на пешачки премин на Партизанска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Граѓани и денеска палат свеќи за Фросина Кулакова и одаваат почит
„Крвави ви се рацете“ порачаа младите на протестот за Фросина Кулакова, пред Кривичен суд
(Видео+фото) Река од луѓе на протестот за Фросина Кулакова во Скопје
Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино
Фото/еМагазин.мк Фејсбук-Росица Мршиќ