Келнерите и готвачите во угостителските објекти не се обврзани да се вакцинираат. За разлика од гостите кои ако сакаат да влезат во кафеана или кафуле мора да приложат сертификат за вакцинација, персоналот нема потреба да има, велат од Министерството за здравство за телевизијата Алфа.
-Вработените не се должни, иако е препорачано да се вакцинираат. Тие секако може да одат на работа. Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе, односно гости кои се без вакцина да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти, велат од Министерството за Алфа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 16 август нема свадби и прослави на затворено
На концерт или спортски настан од 16 август само со потврда за примена вакцина